Мартин Вучиќ и „Ај кју“ беа прогласени за најлошо облечени на Евровизија

Мартин Вучиќ и „Ај кју“ беа прогласени за најлошо облечени на Евровизија

пред 2 години

Изборот на песна за Евровизија освен што е музичко натпреварување, е синоним и за мода но во последно време се  повеќе кич одошто елеганција или моден стил. Основачите на холандската веб-страница „Хаус оф Јуровижн“, Едвин ван Тило и Роб Паардекам ја создадоа наградата „Барбара Декс“, која од 1997 до 2021 година се доделуваше на евровизиските претставници со најлоши модни комбинации.

Македонија ја доби наградата дури двапати . Македонија учествува на Изборот за песна на Евровизија од 1998 година, а оттогаш нѐ претставуваа повеќе квалитетни музички имиња од македонската естрада. Наградата „Барбара Декс“  ја доббија Мартин Вучиќ (2005) и „Ај кју“ (2018).

Оваа  награда е именувана по белгиската пејачкаБарбара Декс, која ја претставуваше својата држава во 1993 година. Таа се појави на евровизиската сцена во полупроѕирен фустан, кој сама го направила. Уредникот на евровизиската веб-страница „Вивиблогс“, Вилијам Ли Адамс тогаш изјаво дека  фустанот на Барбара Декс личи на собна ламба. Македонија годинава првпат нема да настапи на Евросонг.

Share
Scroll to Top