Марјана Дода од "Аргументум.ал“добитник на признанието „Илинден“ за новинарски придонес

Марјана Дода од “Аргументум.ал“добитник на признанието „Илинден“ за новинарски придонес

пред 4 часа

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото.

„Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ѝ ја врачам благодарницата “Илинден” за 2026 година на г-ѓа Марјана Дода, главен и одговорен уредник на ”Аргументум.ал“, изјави Ѓурѓај.

Фото: Македонскиот весник “Илинден”

Благодарницата беше доделена и по повод 15-годишнината од издавањето на македонскиот весник „Илинден“, како знак на благодарност за нејзините напори и континуираната поддршка на Македонците во Република Албанија, како и за нејзиниот придонес во Македонското друштво “Илинден“- Тирана.

„Честитки и благодарност за вашата неуморна посветеност“, рече Ѓурѓај.

Главната и одговорна уредничка на “Аргументум.ал“, Марјана Дода, изрази искрена благодарност до Македонското друштво “Илинден“-Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за доделената благодарница “Илинден“, оценувајќи ја оваа чест како мотивација за понатамошен професионален ангажман во служба на информирањето и вистината.

Share
Scroll to Top