Матеа Киселичка добитничка на „Менада за млад уметник 2021“

пред 3 години

Кореографката и танчерка Матеа Киселичка е добитничка на престижната награда „МЕНАДА за млад уметник 2021“, .

Наградата „МЕНАДА за млад уметник“ е престижна награда за годишни остварувања во областа на танцовата уметност која се доделува со цел да го промовира современиот танц, како и танцовата уметност во целост, во насока на поттик и унапредување на развојот на младите уметници, но и нивен пласман на интернационалната сцена. Преку неа, Танц Фест го трасира патот и ги приближува европските и светските вредности, со цел да ја презентира најдобрата уметничка експресија и да ѝ ја понуда на публиката и љубителите на убавата уметност. Првата „МЕНАДА за млад уметник“ беше доделена на јубилејното, петнаесетто издание на фестивалот Танц Фест во април, 2019 година.

Киселичка во моментов работи како универзитетски професор по современ танц на Универзитетот за музика „Зеџијанг“ во Ханџо, Кина, каде во 2019 ги создава кореографските дела „Убаво што ме запозна“, претставено на 12-та престижна танцова изложба за танцова едукација, “TAOLI Cup” и “JAE – Just About Everyone”, претставено Кина – Централни и Источни Европски земји, фестивал за музика и танц, Конзерваториум за музика „Зеџијанг“, Ханџо. Во 2020, извонредната “JAE – Just About Everyone” се изведува и на танцовиот фестивал за креативни изведбени достигнувања, Конзерваториум за музика „Зеџијанг“, Ханџо. Најново нешто во нејзиниот творечки опус се кореографските сегменти во операта „Магичната флејта“ – В. А. Моцарт, при Конзерваториумот за музика „Зеџијанг“, Ханцо.

Во 2010 година, запиша додипломски студии на Скопје Танцовата Академија при Универзитетот ЕСРА, Скопје, каде изучи современ танц во класата на професор д-р Рисима Рисимкин и стана дел од првата генерација на современи танчери во Македонија. Беше дел од повеќе танцови продукции и турнеи, но бележи и бројни самостојни проекти.

Share
Scroll to Top