Маја Оџаклиевска за аутистичниот внук: Немам повеќе сила да го чувам

Маја Оџаклиевска за аутистичниот внук: Немам повеќе сила да го чувам

пред 1 година

Маја Оџаклиевска со години живее во местото Велика Плана во Србија, каде е со внукот Лука кој има аутизам. Пејачката отворено зборуваше за него и за сите работи со кои се соочила додека го чувала.

Раскажа за тешкотиите со кои се соочила и годините како самохрана мајка. Таа ги има двете ќерки Теа и Андреа од која го има и внукот Константин. Пејачката откри како дознала дека Лука има аутизам.

„Лука имаше две години кога видов дека нешто не е во ред со него. На ќерка ми ѝ предложив да го однесеме во Завод за деца со хендикеп. Теа ми рече дека претерувам, ама јас знаев дека е тешко за секоја мајка да прифати дека нешто не е во ред со нејзиното дете. Ѝ реков дека мораме да го направиме тоа. Мислев дека е подобро да се исправи и корегира нешто што не е во ред додека е мал“, рече Маја.

„Еден ден кога Лука се разбуди, не сакаше да стане од кревет. Ја покри главата со јорганот, а јас си помислив дека сака да си игра, па почнав да го откривам. Тогаш почна да плаче. До тој момент не се однесуваше така“, рече Маја.

Оттогаш пејачката се грижела за него. Се преселила во Велика Плана за да може Лука да биде на чист воздух во природа.

„Сега се храни подобро, но и понатаму не зборува. Со него мора да се работи. Додека имав сили можев. Но, повеќе немам. Минатата година му го предадов на мајка му. И објаснив дека повеќе не можам да се грижам за него. Тој е сега физички силен, но е и во пубертет. Не постои начин да продолжам да го чувам. Драго ми е што гледам кај него подобрување, дека подобро не разбира од претходно. Но и понатаму не зборува. Најголема желба ми е да го слунам како зборува“, рече Маја.

Пејачката рече дека откако го вратила Лука кај мајка му, таа продолжила да живее на село.

„Многу ми годи животот на село. Ми смета таа градска гужва. И додека не се преселив и се восхитував на Весна Змијанац, која замина на планината Букља. Сватив дека го направи најпаметниот потег што избега од градот, каде може да дојде кога ќе посака. Јас сум градско дете, но во Скопје пораснав во куќа во која имав двор. Отсекогаш сум сакала да имам своја куќа со градина и сонот ми се исполни“, рече Маја.

 

Share
Scroll to Top