Мајли Сајрус спотот го сними во куќата во која бившиот маж ги носел љубовниците

Мајли Сајрус спотот го сними во куќата во која бившиот маж ги носел љубовниците

пред 2 години

Големо внимание привлече песната „Flowers“ во која Мајли Сајрус го опишува крајот на емотивната врска и си вели дека нема потреба да плаче бидејќи може да се сака себеси повеќе од поранешниот партнер. Видеото со минимална промоција е прегледано над 100 милиони пати.

Љубителите на песната и пејачката не престануваат да погодуваат за значењето на текстот и видеото. Особено стиховите: „Можам да си купам свеќи, можам да си зборувам за работи што не ги разбираш, можам да се држам за рака, можам да се сакам себеси повеќе од тебе“. Популарната пејачка спотот го сними во куќата во која бившиот маж ги носел љубовниците.

Песната ја објави на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт (33). Наводно, текстот на песната е упатен до него, поточно напишала „Цвеќиња“ како одговор на песната на Бруно Марс „When I Was Your Man“ во која пејачот и ветува дека ќе и купи цвеќе на саканата, ќе разговара со неа и ќе држи нејзината рака, а токму Лијам и ја пееше оваа песна на Мајли.

 

Share
Scroll to Top