Меган Фокс во впечатлива реклама за лек против еректилна дисфункција: „Можеби сум родена за ова“

Меган Фокс во впечатлива реклама за лек против еректилна дисфункција: „Можеби сум родена за ова“

пред 4 часа

Меган Фокс се појави во нова кампања на американската здравствена компанија „Ro“, во која на несекојдневен начин го претставува производот „Ro Sparks“, наменет за третман на еректилна дисфункција.

Четириесетгодишната актерка во рекламата носи тесен црвен комбинезон со логото на производот и настапува како негов измислен лик. Преку двосмислени шеги и разигран настап ги пренесува основните информации за третманот.

„Можеби сум родена за ова“, изјави Фокс за „People“. Таа објасни дека сакала сериозната тема да биде претставена со хумор, за на луѓето да им биде полесно да разговараат за неа.

Според актерката, еректилната дисфункција не треба да биде причина за срам или молчење меѓу партнерите. Таа се надева дека кампањата ќе ги охрабри мажите отворено да зборуваат за проблемот и да побараат поддршка. „Не сте дефектни. Можете да разговарате за ова и не мора да го криете“, порача Фокс.

„Ro Sparks“ е лек што се издава на рецепт и содржи силденафил и тадалафил. Производителот наведува дека се раствора под јазикот. Иако двете активни состојки се користат во одобрени лекови, самата комбинирана формула на „Ro Sparks“ нема одобрение од американската Агенција за храна и лекови (FDA).

Фокс вели дека првично очекувала да бара рекламата да биде посмела и позабавна. Кога го видела предложениот концепт, впечатокот ѝ бил спротивен: дел од шегите биле толку смели што предложила малку да се ублажат.

Share
Scroll to Top