Меси дебитира за ПСЖ, влезниците за натпреварот се препродавале за 6.000 евра

Меси дебитира за ПСЖ, влезниците за натпреварот се препродавале за 6.000 евра

пред 3 години

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси синоќа дебитираше за Пари Сен-Жермен. Тој влезе во игра во 66. минута, а неговиот прв натпревар за клубот толку го зголеми интересот за картите за натпреварот, што тие се препродавале за 6.000 евра.

Меси беше пречекан со овации, откако влезе во игра на местото на Нејмар. Ова беше прв настап на аргентинскиот фудбалер во друг дрес откако целата кариера ја помина во „Барселона“. Тој си замина од клубот пред неполн месец, а медиумите го нарекоа еден од најголемите трансфери во историјата.

„Тој сè уште е далеку од својата најдобра форма, но добро тренираше во изминатиот период и ќе биде целосно подготвен за две недели. Го очекуваме најдоброто од него. Среќен сум што дебитираше и тоа беше многу важно за него. Беше убаво да се чуе публиката како навива за него, не само нашите фанови. Лео го заслужи тоа“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.

Share
Scroll to Top