Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси им купи 35 златни ајфони на играчите од аргентинската репрезентација со кои го освои Светското првенство во Катар.
„Лионел не е само најдобриот играч на сите времиња, туку и еден од најверните купци на Idesign Gold. Не контактираше неколку месеци по финалето и рече дека сака да им купи посебен подарок на играчите и членовите на Аргентина за да ја прослават неверојатната победа. Но, не сакаше вообичаени подароци или часовници. Затоа му предложив златни ајфони со испишани имиња на нив. Му се допадна идејата“, рече извршниот директор на IDESIGN Gold, Бенд Лајонс за британски „Сан“.
Како што пренесоа медиумите, Меси нарачал 35 златни ајфони, за кои платил 200.000 евра.
За потсетување, Меси во декември со Аргентина за првпат во кариерата го освои Светското првенство на кое беше прогласен и за најдобар играч. Ја доби и наградата најдобар играч на светот за 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА.