Метју Меконахи во шоуто на Елен Деџенерис јавно ѝ призна на Рис Витерспун дека бил заљубен во неа. Двајцата ѝ гостуваа и одговараа на прашањето за своите први симпатии.
Рис откри дека како тинејџерка била заљубена во Џим Морисон од „Дорс“.
„Филмот ‘Дорс’ излезе кога имав можеби 14 години и си помислив колку е само згоден. Си велев дека тоа е Вал Килмер како Џим Морисон“, рече таа.
Метју, пак, рече дека тој бил заљубен во една млада дама, која седи лево од него.
„Јас бев заљубен во дамата што седи до мене од ‘Човекот на Месечината’“, рече Метју мислејќи на филмот од 1991 година во кој Рис глумела кога имала само 14 години.
Глумицата шокирана побара некој ова да го запише, а Метју објасни дека Рис била една од неговите рани симпатии.
„Ако сте го гледале филмот, ќе го видите она неизбежното. Мислам дека нема нешто во кое не можете да не се заљубите во тој филм“, рече Метју. Рис му одговори дека бил сладок и дека би требало и тој да сними таков филм.