Мет Дејмон продуцираше филм за легендарниот концерт на U2 во Сараево и испрати предупредување до планетата: Сличностите меѓу војната во Југославија и Украина се морничави

Мет Дејмон продуцираше филм за легендарниот концерт на U2 во Сараево и испрати предупредување до планетата: Сличностите меѓу војната во Југославија и Украина се морничави

пред 2 месеци

Мет Дејмон, продуцент на документарниот филм „Kiss the Future“ за концертот на U2 во 1997 година во Сараево, рече дека постои сличност меѓу војната во поранешна Југославија и руската инвазија на Украина.

„Kiss the Future“ беше премиерно прикажан на минатогодишниот филмски фестивал во Берлин, а летово го отвори Сараевскиот филмски фестивал. Иако филмот е за повоениот настап на бендот U2 на стадионот Кошево, во суштината на неговата приказна е всушност борбата на сараевчани да ја преживеат повеќегодишната опсада и начинот на кој ја користеа рок и панк музиката да го одвлече вниманието од секојдневното гранатирање и снајперски истрели.

Филмот е продуциран од холивудските ѕвезди Бен Афлек и Мет Дејмон, а режијата е на Ненад Чичин-Шејн. Дејмон, во интервју за „Варајети“, пред почетокот на кино дистрибуцијата на овој документарец, потсетува дека почетокот на работата на филмот се совпадна со руската инвазија на Украина.

– Сличностите меѓу она што се случи во поранешна Југославија и она што се случува сега со Украина се впечатливи и донекаде застрашувачки. Во двата случаи, поттикнувачи се политичките насилници, а во двата случаи жртви се невини цивили, рече Дејмон, наведувајќи дека руската инвазија на Украина имала големо влијание врз луѓето што ги интервјуирале во Сараево.

„Бакнете ја иднината“, според него, не само што не потсетува дека „бесмислена, глупава војна може да се случи насекаде“, туку ја покажува и силата на човечкиот дух.

– Овие неверојатни луѓе живееја под опсада долги четири години. Како и да е, некако успеаја да опстанат, дури и да напредуваат, затоа што ја насочија својата енергија на работи кои не врзуваат, а не не разделуваат. Музиката, уметноста и другите елементи на креативноста се работи кои можат и не зближуваат. И ако сме заедно, ништо навистина не може да не победи. Така, претпоставувам дека сакам луѓето да го видат тоа – да ги потсетам дека можеме да победиме се, дури и најмрачна закана, се додека сме заедно, рече Мет Дејмон, пренесува Н1.

Во филмот учествуваа и членови на бендот U2, како и познатата новинарка на Си-ен-ен, Кристиане Аманпур и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Режисерот на филмот Ненад Чичин-Шаин е роден во поранешна Југославија, од мешан брак на Србинка и Хрват.

– Како Југот на САД да војуваше со Северот, денес, не пред 200 години. Нешто што изгледаше невозможно – го опиша почетокот на војната во Југославија за американските медиуми Чичин-Шаин.

На минатогодишниот филмски фестивал во Сараево, тој рече дека се надева оти неговиот филм ќе биде прикажан во Србија, особено што не е критика на српскиот народ, туку на политичар кој бил националист – Слободан Милошевиќ.

„Чекам покана од Србија“, изјави Чичин-Шаин.

Share
Scroll to Top