Меџити: Летото не е време за пауза – со засилено темпо се работи на улиците во Чаир

Меџити: Летото не е време за пауза – со засилено темпо се работи на улиците во Чаир

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните.

„Летото не е сезона за одмор од проектите. Напротив, тоа е период кога се работи уште повеќе“, истакна Меџити, додавајќи дека намалениот сообраќаен интензитет се користи за побрзо одвивање на градежните активности.

Како пример ја посочи улицата „Ферид Мурат“ во Чаир, каде што, според него, работите продолжуваат без прекин.

„Градот не се гради со зборови, туку со работа што се гледа и со резултати што остануваат“, порача Меџити.

Од Општина Чаир велат дека активностите на терен продолжуваат и во наредниот период, со цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на жителите.

Share
Scroll to Top