Меџити: Нека зборуваат и шпекулираат, нашиот заеднички пат го одредува каузата за граѓаните

Меџити: Нека зборуваат и шпекулираат, нашиот заеднички пат го одредува каузата за граѓаните

пред 3 часа

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и ставовите.

„Како што знаете, одлуките секогаш ги носев заедно со вас. Секоја одлука, без разлика дали е едноставна или тешка, ја дискутиравме долго и на крајот заедно одлучувавме“, напиша Меџити.

Тој посочи дека по донесените одлуки, заедно останувале доследни на своите ставови и принципи.

„Шпекулациите не можат да го определат нашиот заеднички пат. Нека зборуваат, нека пишуваат, нека калкулираат. Ние ја имаме нашата кауза пред нас“, порача Меџити.

Според него, целта останува да се работи посветено во интерес на граѓаните.

„Да работиме решително за една единствена цел: да го направиме најдоброто за граѓаните“, наведе тој.

Меџити пораката ја заврши со повик за смиреност, наведувајќи дека се наоѓа во САД.

„Останете спокојни! Од Америка на слободата, срдечно, Изет“, напиша ко-претседателот на ВЛЕН.

Share
Scroll to Top