Меџити од Њујорк: Партнерството со САД е стратешко и мора да го зајакнуваме

Меџити од Њујорк: Партнерството со САД е стратешко и мора да го зајакнуваме

пред 1 час

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на продлабочување на соработката меѓу албанската заедница и Соединетите Американски Држави.

Меџити оцени дека Советот претставува организиран глас на албанско-американската заедница, кој преку соработката со американските институции и Конгресот ги застапува прашањата што ги засегаат Албанците во Македонија, Косово, Албанија и поширокиот регион.

Тој го нагласи значењето на американската поддршка за мирот, стабилноста, демократијата и унапредувањето на правата на Албанците.

„За нас, Албанците, оваа врска има посебно значење. Во моментите кога ни биле потребни силни пријатели, ги имавме во Вашингтон“, порача Меџити.

Според него, односите со САД претставуваат едно од најзначајните стратешки партнерства што Албанците ги изградиле во изминатите децении, поради што нивното зачувување и натамошно зајакнување треба да останат трајна определба.

Посебен акцент беше ставен и на улогата на албанската дијаспора во Соединетите Американски Држави. Меџити истакна дека нејзините припадници постигнале значајни резултати во бизнисот, дипломатијата, различни професионални области и јавниот живот.

Тој оцени дека организираноста, искуството и влијанието на дијаспората претставуваат важен потенцијал за посилна меѓународна застапеност, нови партнерства и дополнителна поддршка за Албанците во регионот.

„Наша задача е да го зачуваме и да го зајакнеме ова пријателство, а потенцијалот на дијаспората да го претвориме во поголема застапеност, соработка и поддршка за Албанците во Македонија, Косово, Албанија и секаде каде што живеат“, истакна Меџити.

Share
Scroll to Top