Миланската Скала ќе ја отвори новата сезона со руска опера

Миланската Скала ќе ја отвори новата сезона со руска опера

пред 2 години

Најпознатата италијанска оперска куќа, Ла Скала од Милано, ќе ја отвори новата сезона со изведбата на руската опера „Борис Годунов“. Операта ќе ја изведат руски уметници и нема да има културен бојкот и покрај руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Јас не сум за лов на вештерки или за исфрлање на руски дела.  Одлуката за избор на операта е донесена пред неколку години“, изјави за новинарите Доминик Мејер, уметнички директор на театарот.

Операта „Борис Годунов“ ја напиша Модест Мусоргски, а главните улоги ќе ги играат руските оперски пејачи, басот Илдар Абдразаков и сопранот Ана Денисова.

Почетокот на новата сезона во Ла Скала на почетокот на декември е еден од најважните културни настани во Италија.

Веднаш по руската инвазија на Украина во февруари, театарот во Милано објави дека рускиот диригент Валери Гергиев нема да настапи на Скала бидејќи не ја осудил војната.

 

Share
Scroll to Top