Милевски: Имам голема почит кон Стефан и моја идеја беше да биде капитен, му замерувам само што за повлекувањето дознав преку социјалните мрежи

Милевски: Имам голема почит кон Стефан и моја идеја беше да биде капитен, му замерувам само што за повлекувањето дознав преку социјалните мрежи

пред 6 месеци

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на денешната прес конференција со новинарите зборуваше за следните натпревари во квалификациите за Европско против Италија и Малта, но и за капитенот Стефан Ристовски, кој неодамна се повлече од селекцијата.

Милевски рече дека има огромна почит кон Стефан, но дека му замерува тоа што не дошол да разговара со него за одлуката да се повлече од репрезентацијата, туку за истата дознал преку социјалните мрежи.

„Имам голема почит не само кон Стефан, туку кон секој репрезентативец и таа почит е на највиоко ниво. Моја идеја беше да биде лидер и капитен и тоа ја покажува мојата почит кон него. Имавме конструктивен разговор, различни гледишта и размислувања за одредени теми, но сè беше во домен и интерес на подобрување на тимот. За жал, Стефан нема да биде со нас и јас ја почитувам неговата одлука. Тоа што се повлече не ја намалува мојата почит кон него. Единствена замерка е што одлуката ја објави преку социјални мрежи и така дознав, но со него немаме никакви лични недоразбирања“, рече Милевски.

За Македонија рече дека не е светска велесила и дека може да се надева на позитивни резултати само ако функционира како тим. Поразот од Англија е можност за сите во репрезентацијата се освестат и се почне од ново. За договорот со ФФМ рече дека ќе го одработи до крај и дека Барди ќе биде новиот капитен.

Ристовски се повлече од репрезентацијата поради нарушениот однос со селекторот Милевски

Share
Scroll to Top