Милош Биковиќ ужива како татко: романтична прошетка покрај море со синот

Милош Биковиќ ужива како татко: романтична прошетка покрај море со синот

пред 4 месеци





Популарниот српски актер Милош Биковиќ и неговата сопруга Ивана Малиќ на почетокот на оваа година станаа родители на малиот Василиј.

Парот ужива во секој момент од родителството, а тоа го потврдуваат и многуте моменти кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Ивана на Инстаграм сподели фотографија која ги воодушеви нивните следбеници, на која Милош се шета покрај морето со својот син, а на неговото лице се гледа израз на неизмерна среќа.

Семејната идила која парот ја споделува со своите следбеници покажува колку тие уживаат во новата улога во животот.






Share
Scroll to Top