Српскиот актер Мима Караџиќ и четириесет години помладата манекенка Дејана Даубаиќ направија свадбена фотосесија за магазинот „Базар“. Иако во српските медиуми се пишуваше дека се венчале, подоцна објавија дека станува збор за моден едиторијал.
Мима на фотографиите е во елегантен костум, а неговата парнтерка во фотосесијата е облечена во кратка венчаница.
„Сето тоа е прекрасна игра, кога си во друштво на некоја природно убава, барем имаш впечаток дека и ти си поубав“, напишал актерот покрај слика.