Српскиот пејач Мирослав Илиќ наводно одлучил да забрани изведби на неговите песни во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, односно во сите формати на таа продукција, а причината е „непрофесионален однос на продукцијата кон пејачот“.
Медиумите споменуваат дека вакавата одлука на Илиќ е резултат на неодамнешното сведочење на Лепа Брена во судскит спор за докажување на неговото татковство. Но извор близок до пејачот открил дека оваа работа е многу посериозна и е поврзана исклучиво со деловниот однос на Мирослав и „Гранд продукција“.
Шоуто се емитува веќе 15 сезони, а „Гранд продукција“ постои 24 години и за сето тоа време Мирослав Илиќ не бил поканет во ниту една емисија, без разлика на која телевизија се емитувала.
„Во оваа ситуација во прашање се изведувачките права, кои Илиќ како уметник секако ги има и негова волја е да им забрани на луѓето кои мисли дека не треба да ги пеат неговите песни. Мирослав нема ништо против новите и млади пејачи, но не сака неговите песни да се изведуваат во шоуто „Ѕвездите Гранд“ поради големиот непрофесионализам на челниците на таа куќа и неправдата која континуирано му се нанесувала како естраден уметник.
Пејачот неодамна беше во фокусот на јавност поради судењето со поранешната љубовница Мирјана Антоновиќ за да се утврди татковство, а судот донесе пресуда во нејзина корист, односно беше утврдено дека Мирослав Илиќ е биолошкиот татко на Девин Антоновиќ.