Мирослав Мика Алексиќ ги негираше обвинувањата за сексуално злоставување и рече дека секоја од девојките која го тужела имала проблем со нејзиниот татко

Мирослав Мика Алексиќ ги негираше обвинувањата за сексуално злоставување и рече дека секоја од девојките која го тужела имала проблем со нејзиниот татко

пред 3 години

Режиерот Мирослав Мика Алексиќ денес пред судот ги негираше сите обвинувања за сексуално злоставување и рече дека секоја од девојките која го обвинила имала проблем со нејзиниот татко.

„Овие обвинувања се глупости. Тоа се болни тврдења и јас немам апсолутно ништо од тоа. Од кога сум уапсен, во медиумите има објавено над 4000 текста без ниту една моја изјава. Сакам да му предадам на судот УСБ со список на наслови на 498 страни од 16 јануари од кога сум уапсен“, рече Алексиќ во судот во Белград.

Тој заврши во притвор по обвинувањата дека ги силувал глумиците Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ додека полагале кај него во школата за глума. По нивната исповед, се јавија уште неколку девојки со слична судбина. Алексиќ беше уапсен на 16 јануари минатата година и до 10 септември беше сместен во Централниот затвор откако беше преместен во домашен притвор.

„Секоја од седумте девојки во тој период има проблем и лош однос со нејзиниот татко. И Милена и Ива имаат трауми од тој период. Само една од девојките има нормален и стабилен семеен однос. Ова е притисок. Дури и обвиненијата имаат препишани цитати и реченици од весниците. Од збор до збор. Говорам за себе во трето лице за да можам полесно да ја согледам вистината“, рече Алексиќ.

За целото тоа време додека бил во домашен притвор, Алексиќ нараквица околу стапалото. Надлежните велат дека на терет му се ставаат две продолжени казнени дела за силување, две казнени дела за силување, едно продолжено казнено дело за противправни полови дејствија и четири казнени дела за противправни полови дејствија, на штета на седум девојки.

Share
Scroll to Top