Мислам дека ќе умрев ако не бев вакцинирана, рече пејачката Били Ајлиш, која беше болна од Ковид-19

Мислам дека ќе умрев ако не бев вакцинирана, рече пејачката Били Ајлиш, која беше болна од Ковид-19

пред 3 години

Пејачката Били Ајлиш во интервју за радиоемисијата Sirius XM кај водителот Хауард Стерн рече дека ќе умрела од Ковид-19 ако не била вакцинирана.

„Беше лошо. Мислам, не умрев и нема да умрам, но тоа не го намалува фактот колку беше гадно. Беше страшно. Сè уште имам нуспојави. Бев болна речиси 2 месеца“, рече Ајлиш.

Таа откри дека Ковидот оставил последици во нејзиниот живот, но особено е благодарна на вакцината, која ѝ го спасила животот.

„Сакам да биде јасно дека сега сум добро поради вакцината. Мислам дека ќе умрев ако не се вакцинирав“, рече таа.

Ајлиш се зарази на почетокот на годината, а до ден-денес ги чувствува последиците. За потсетување, таа пред 10 дена го промени имиџот и си ја бојадиса косата. Таа сега има потемна и пократка коса.

Share
Scroll to Top