Мишо Ковач повторно е хоспитализиран

Мишо Ковач повторно е хоспитализиран

пред 3 години

Мишо Ковач повторно е хоспитализиран, пренесоа хрватските медиуми. Директорката на сплитската болница Јулија Мештеровиќ вели дека пејачот е ставен на кислород и ја прима потребната терапија. Неговата состојба сега засега е стабилна, рече таа.

Ковач бил позитивен на корона исто како и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана. Ивана пред неколку дена го посетила татко ѝ во болницата во Строжанац во Сплит, каде тој е веќе неколку месеци.

За потсетување, на Мишо беше итно префрлен во болница откако му се слошило среде ноќ, па веднаш бил приклучен и на респиратор. Откако му дале кислород, неговата состојба се подобрила.

Share
Scroll to Top