Ми го скрши срцето, мислев дека ќе умрам, Џенифер Лопез за првото раскинување со Бен Афлек

Ми го скрши срцето, мислев дека ќе умрам, Џенифер Лопез за првото раскинување со Бен Афлек

пред 3 години

Пејачката и глумица Џенифер Лопез во интервју за Apple Music откри за првото раскинување со нејзиниот сопруг Бен Афлек. Таа раскажа како се чувствувала по нивната прв прекин во 2004 година.

dobivaj vesti na viber

„Беше толку болно. Ми се скрши срцето кога се откажавме од венчавката. Искрено се чувствував дека ќе умрам“, рече Џенифер и додаде дека следните 18 години не можела да направи ништо како што треба.

„За среќа, сега 20 години подоцна имаме среќна завршница“, рече пејачката.

За потсетување, двајцата се запознаа во 2001 година на сетот на филмот Gigli во кој и двајцата ги имаа главните улоги. Тогаш беше јасно дека меѓу нив постои хемија, но Лопез во тоа време беше во брак. ГОдина дена подоцна се разведе и започна нова врска со Афлек.

Првпат се свршија во 2002 година, а две години потоа прекинаа. 17 години по првиот прекин, двајцата повторно се најдоа и брзо започнаа нова љубовна врска. Се венчаа нешто порано годинава.

Share
Scroll to Top