Младиот пејач Горан Тонев ќе ја промовира новата песна „Не можеш без мене“

Младиот пејач Горан Тонев ќе ја промовира новата песна „Не можеш без мене“

пред 4 години

Пејачот Горан Тонев во петок на 17.12.2021, од 20 часот., во MADISON Garden до Театар Комедија, ќе ја промовира новата песна „Не можеш без мене“. На промоцијата ќе присустват голем број пријатели, музички соработници и претставници на медиумите.

Водител на промоцијата ќе биде познатото ТВ-лице Ведрана Ѓорѓевиќ. Автор на музиката и аранжманот е Димитар Андоновски, а текстот е на Роберт Ристов.

Видеото го сними ARTISTIC Production заедно со актерот и режисер Ристов. Спотот се снимаше две ноќи на локации во Скопје и Кавадарци. Покрај Горан Тонев, во него се појавува и младата актерка Изабела Јакимова.

За потсетување Тонев дебитираше на Макфест 2020 со песната „Mојa и твој“ на Робертo Поп Димитров. Во моментов е актуелен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ во тимот на Цеца и Ивана Петерс.

Share
Scroll to Top