Модерниот Моцарт кој беше бог на гитарата: Фановите се простуваат од Еди ван Хален

пред 4 месеци

Фанови и музичари му оддаваат почит на Еди ван Хален, гитарскиот виртуоз и основач на групата „Ван Хален“, кој  вчера  почина на 65 години. Тој долго се бореше со рак на грлото.

Басистот на „Кис“, Џин Симонс, го нарече Ван Хален „бог на гитарата“, додека други го опишуваат како „модерниот Моцарт“.

Со своите препознатливи соло делници, Еди ван Хален помогна неговата хеви метал група да ја тргне диско музиката од топ листите на крајот на 1970-ите, кога го издаде првиот во серијата албуми со класичната постава, во која беа и неговиот брат Алекс на тапани, басистот Мајкл Ентони и пејачот Дејвид Ли Рот.

Син на емигранти од Холандија, Еди ван Хален беше пијанист кој можеше да свири кој било инструмент, но ќе остане запаметен по своето иновативно и експлозивно свирење на гитарата. И денес е меѓу најдобрите гитаристи на сите времиња.

Вистинскиот комерцијален успех на групата дојде со шестиот албум „1984“, од кој произлегоа и Ем-Ти-Ви хитовите „Jump“ и „Hot For Teachers“, но и доведе до разделба со фронтменот Ли Рот.

Ван Хален го позајми својот талент и во еден од најуспешните поп синглови од 1980-ите, „Beat It“ на Мајкл Џексон: неговото гитарско соло трае 20 секунди, а му требале само половина час да го сними. Тој подоцна откри дека не барал никаква компензација за тоа.

Еди ван Хален и групата беа примени во Рокенрол халата на славните во 2007.

Share

High School DxD Episode 12 at KissAnime mischievous kiss anime

The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll trial code

Scroll to Top