Модерни техники за вапсување јајца

Модерни техники за вапсување јајца

пред 2 години

Бојадисувањето јајца може да биде и забавно доколку се искористат техники кои се креативни и брзи.

Јајцето потопете го во различни бои и оставете го да се исуши исправено, бојата да не се одлепи од страните. Покрај класичните прашкасти бои, јајцата можете да ги обоите и со темпера или гел бои.

Ако не сакате или немате време да ги бојадисате јајцата, набавете бели, па нацртајте ги со црн маркер, со или без дополнителни детали.

Пастелните бои на јајца наједноставно може да ги постигнете доколку во сад во садот во кој што ги варите, јацата да ги прелиете со ладна вода, посолете ги и оставете ги да се варат. Потоа со лажица извадете ги од водата и оставете ги целосно да се изладат. Во меѓувреме, во неколку чаши подгответе прехрамбени бои. Во секоја чаша прелијте 200 милилитри вода, лажица оцет и лажица од саканата боја. Мешајте додека смесата не се соедини, па во чашата додадете го јајцето. Чувајте го во вода додека не ја добие саканата боја. Од време на време, вадете го јајцето со лажица за да проверите дали ја има постигнато идеалната боја. Извадете го јајцето од бојата, оставете го  целосно да се исуши, па избришете го со крпа натопена во масло, за да му даде сјај.

Користење природни материјали во украсување на велигденските јајца во моментов е вистински хит на социјалните мрежи. Растенијата кои сте ги избрале, наредете ги на хартија или салфетка и оставете да се исушат. Потоа залепете ги избраните природни детали на лушпата од вареното јајце. Најчесто како лепак може да се користи и изматена белка со шеќер.

Share
Scroll to Top