Модни правила што не смеете да ги прекршите по 50. година

Модни правила што не смеете да ги прекршите по 50. година

пред 2 години

Кога ќе наполните 50 години, правилата на облекување се менуваат. До 50-та година, помалку или повеќе, е дозволено да се носите сè и да експериментирате со модата. Шестата деценија со себе носи малку поинакви правила. Доколку сакате да изгледате во секој момент совршено, овие модни лекции мора да ги прифатите. Секоја совршено стилизирана жена никогаш не ги крши овие заповеди.

1. Бирајте гардероба со помал принт

Со годините телото се менува, а повеќето жени баш во 50-те почнуваат да се борат со вишок килограмите. Од таа причина, доколку сакате шарена гардероба, бирајте ги оние со ситен принт.

2. Хеланките носете ги само во теретана

Вон теретаната, носењето хеланки се смета за одраз на лош вкус и евтин стил.

3. Купувајте квалитетно

Ова правило не е поврзано само со годините, но по 50-тата не смее во ниту еден случај да се заобиколи. Купувајте само квалитетни парчиња. Секогаш е подобро да инвестирате во едно добро парче, отколку неколку кои по неколку носења ќе пропаднат.

4. Вртоглавите потпетици заменете ги со оние со средна висина

Заборавете на премногу високите штикли. Освен што изгледаат непримерно, можат лошо да влијаат и на половината и колената.

5. Заобиколите го скинатиот џинс

Овој модел на фармерки е резервиран за девојките во 20-тите. Потоа, станува парче кое никако не треба да го носите.

6. Инвестирајте во добра кожена јакна

Кога ова парче е во прашање, модните експерти велат дека вреди да потрошите малку повеќе пари на една со идеален крој. Кожената јакна никогаш нема да излезе од мода и секоја жена со стил мора да ја има.

7. Никогаш не ги комбинирајте чантата со чевлите

Носењето торба и чевли во ист тон е еден од најголемите модни прекршувања, велат стручњаците.

8. Носете поведри бои затоа што тоа ќе направи да изгледате посвежи и помлади.

9. Кратките здолништа се забранети

Моделите над колена не се најсреќната опција. Зрелите години бараат подолги здолништа.

10. Избегнувајте џинс и пантолони во бела боја

11. Не носете маички со гол стомак

Овие маички се сметаат за непримерни во овој период од животот.

12. Не носете повеќе од еден принт

13. Никогаш не носете нешто во кое не се чувствувате добро

Само облеката која го одразува вашиот карактер и во која се чувствувате пријатно е добар избор.

14. Прекројте ја облеката

Ни една жена со стил не смее  да си дозволи да носи гардероба која не ласка на нејзината фигура. Доколку нешто не ви стои совршено, прекројте го.

15. Црната и сивата боја не ви се пријатели

Тмурните и темни бои ќе ви додадат и до неколку години плус, затоа е пожелно да ги избегнувате.

Share
Scroll to Top