Моите сакаа да ме оженат за друга: најинтересните љубовни приказни на јавните личности

Моите сакаа да ме оженат за друга: најинтересните љубовни приказни на јавните личности

пред 3 години

Љубовните приказни на познатите личности секогаш предизвикувале внимание во јавноста. Денес е Св. Валентајн, денот на вљубените и Св. Трифун, денот посветен на виното и лозјето. Кој кого љуби, а кој е опиен и од вино и од љубов се едно. Повеќето приказни кои јавните личности ги споделиле во Репортер  ви ги пренсуваме на Денот на вљубените:

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓорѓиевска

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета се веќе 23 години во брак. Во интревјуа за „Репортер“ и претседателот Пендаровски и неговата сопруга ни ја раскажале нивната љубовна приказна. Тие се запознале во едно скопско кафуле преку заедничи пријатели. Во тоа време таа ја загубила својата помала сестра во сообраќајна несреќа, па долгите разговори со Пендаровски, кој тогаш ѝ бил момче, ѝ биле вистинска поддршка. Интересно е што таа си го задржа своето презиме.

„Тогаш имав многу причини за тоа. Стево немаше никаков проблем со тоа, ама драмата се направи кога требаше да се роди синот Оги. Сакајќи да ги скратам формалностите, испадна проблем, па мислеа дека не сме во брак“, ни раскажа во интревју сопругата на преседателот.

Ѓорѓи и Шенка Колозови

И љубовната прикзна на Ѓорѓи и Шенка Колозови, најпознатиот македонски актерски е нтересена за јавноста. Ѓорѓи Колозов почина пред 19 години, но и денес на социјалните мрежи неретко некој ќе сподели фотка од времето кога биле млади. Нивната љубовна приказна, започнала во театарот. Шенка веќе била вработена, а Ѓорѓи малку подоцна. Во една пригода Шенка, раскажала дека нивното запознавање ниту било романтично ниту ексклузивно. Не било ни љубов на љубов на прв поглед. Ама ете, по цела година дружење и излегување со пријателите, се родила и љубовта меѓу нив двајца.

Игор и Душица Карачиќ

Поеранешниот ракометар на Вардар Игор Карачиќ лани летото се ожени со архитектката Душица Андоновска.  Нивната љубовна приказна почна во Скопје во времето кога Карачиќ играше за „Вардар“. Ама ретко кој знае дека тие двајца претходно биле другари и секојдевно се дружеле. Подоцна се вљубиле и еве ги денес заедно во Полска.

На прашањето што ја привлекло кај него, таа во интервју  Репортер неодамна ни откри: „Неоспорно е дека ме привлече и со изгледот, но бидејќи доста долго бевме само другари, прво ме привлече карактерот. Мислам дека човек го сакаш за цел живот ако го запознаеш онаков каков што е навистина и ако се вљубиш во неговата личност. И тоа се случи кај нас. Обично луѓе се запознаваат бидејќи физички се привлекуваат, но кај нас беше обратно“, раскажа  Душица.

Зафир Хаџиманов и Сенка Валентиќ 

Интерсена е приказната на Зафир Хаџиманов кој лани почна и неговата сопруга Сенка Валентиќ. Тие се вљубиле во Грузија, во Тбилиси, на едно заедничко патување.

„Првпат се бакнавме на ридот ‘Слобода’ над градот. Таа беше убава и пееше како сон. Сенка штотуку се разведе од пејачот Тихомир Петровиќ. Јас и Тиха, пак, останавме пријатели до крајот на неговиот живот. Честопати седевме во Камерната сала на Радио Белград, пиевме и зборувавме за сè. Се согласувавме во многу социјални дискусии. Моите, мора да признаам, беа малку изненадени од мојот избор. Мислеа дека сум омилен на женскиот пол и дека ќе завршам со некоја помлада, да бидам ‘џек’. Тие веќе ми договорија брак со многу пејачка која стана многу популарна потоа. Но, кога ќе одлучам нешто, одлучувам“, раскажал Зафир во едно интервју.

 

Светлана и Мики Црнокрак

Светлана и Мики Црнокрак тр4еба да прославта 25 години брак. Двојката има две ќерки Моника и Нина. Интресена е и нивната љубовна прикзна.  „Се запознавме каде на друго место, ако не на модна ревија и тоа во Битола. По година и пол направивме свадба, на 11 октомври во 1997 година.  Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак“, раскажаа Црнокрак . Кога се запознале тоа било љубов на прв поглед.  „На почетокот на љубовта, ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега по 20 години брак се навикнавме“, раскажаа Мики и Светлана за нивната љубов.

 Силви и Влатко Плевнеш 

Нивната љубов е од времето на студенските денови и трае три децении. Тогаш Влатко свирел во групата „Тао“ со најголемите ју-ѕвезди, Здравко Чолиќ, Вајта, а Силви секаде патувала со него.

„Тоа време, кога одевме на турнеи низ Југославија, за мене е едно од најубавите во животот. Со Влатко уживавме и во патувањата и во љубовта“, се сеќава Силви. За Репортер таа откри дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година. „Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде“, вели Силви, а Влатко додава: „Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест“, отрива Влатко. Двојката ја има ќерката Деа, која е музичар.

Тања Кочовска и Предраг Павловски

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски слават 26 години брак. Тања и Предраг се запознале во студентските денови, но во тој период и двајцата имале долги врски. Во 1994 година Тања почнала да работи во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци подоцна, таму дошол и Предраг, па почнала љубовта. „Јас тогаш носев мини. Имав 50 килограми, па сè нешто ми паѓаше, демек, намерно. Ама Предраг, дојден од театарот во Суботица, ич не ме приметуваше. Викам, аман зошто не ме приметуваш? Тој вели: Па јас мислев имаш дечко шеик и те зема со кола со шест врати. А замисли, јас во тој период сама, со син, скарана со моите, ги чистев скалите на зградата и живеев под кирија за да заработам. И не се срамам ова да си го кажам“, раскажа неодамна Тања во интервју за „Репортер“ за љубовта со Предраг. Двојката ја има ќерката Нела,  која студира на ФДУ . Од првиот брак со глумецот Владимир Ендровски – Љац, Тања го има синот Александар.

Share
Scroll to Top