Дваесетгодишниот Џасвант Синг Чејл, кој минатата година провали во замокот Виндѕор и кој сакаше со самострел да ја убие кралицата, денес се појави во Вестминстерскиот суд за прекршоци. Обвинет е според Законот за предавство на Велика Британија.
Чејл на Божиќ минатата година беше фатен и уапсен откако провали во замокот на кралицата. На себе имал капа, маска и самострел. Полицаецот кој го уапсил рече дека осомничениот изгледал како негативен од некој филм. По апсењето, Чејл рече дека сакал да ја повреди кралицата.
Чејл е од Саутемптон и е обвинет за закана за убиство и поседување офанзивно оружје.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) По Месечината, Индија започна и мисија на Сонцето
Фудбалерите на Мароко парите од Светското ќе ги донира за сиромашните
Фановите ја критикуваат Мадона дека со сила се прави млада и не сака да ги прифати годините
Баба ќе се мажи за 47 години помлад дечко, откако врска започнале преку сајт за запознавање
Хороскоп за 22 ноември: Нервози кај Овенот, испади за Близнаците
Палачинки со вкус на кафе

