Мојот брат ми умре на раце, а татко ми не пушти солза на погребот: Златан Ибрахимовиќ за семејните несреќи и омразата која ја носел низ животот  

Мојот брат ми умре на раце, а татко ми не пушти солза на погребот: Златан Ибрахимовиќ за семејните несреќи и омразата која ја носел низ животот  

пред 5 години

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој важи за човек што никогаш не зборува за приватниот живот, откри дека неговиот брат Сапко пред седум години му починал на раце. Во интервју за „Кориере дела Сера“, Златан првпат зборуваше и за неговиот татко, но и за проблематичното детство, спомените од Југославија и времето на војната, кога со семејството избегале во Шведска.

„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести како загинал некој кој го познава. Им помагаше на бегалците, а мене секогаш пробуваше да ме заштити од тоа. Кога почина неговата сестра во Шведска, не ми дозволи да одам на погребот. Но кога почина мојот брат Сапко од леукемија, бев со него. Ме чекаше да дојдам за да умре. Почина пред мои очи, ја видов неговата смрт. Го погребавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти ни солза. Утредента отиде на гробишта и плачеше од утро до вечер сам“, вели Ибрахимовиќ во интервјуто.

„Не верувам во Господ, само во себе. Така и научив омразата кон себе да ја претворам во оружје“, додава тој.

Фудбалерот за себе вели дека отсекогаш бил проблематичен.

„Како дете бев тежок, проблематичен. Кога сум се родил, бабицата ме испуштила од еден метар височина. Целиот мој живот беше тежок. На училиште бев поинаков, другите беа сини, со светли очи и нормален нос. Јас бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, различно се движев. Родителите на моите школски другари потпишуваа петиции да ме избркаат од класот. Омразата ме следела секогаш. На почетокот реагирав лошо. Бев изолиран. Подоцна научив како да ги претворам страдањата и омразата во сила“.

Светската ѕвезда вели дека дека е Швеѓанец, но и со мешано потекло.

„Мајка ми е Хрватица, католик, а татко ми е муслиман од БиХ. И иако поголемиот дел од кариерата го поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија. Таму ме водеа со автомобил, патувавме и со воз. Тоа беше уште во времето на комунизмот. Сосема друг свет“, рече Златан.

Share
Scroll to Top