Македонската претставничка во карате, Пулексенија Јованоска утринава го освои деветтото место на Олимписките игри во Токио во дисциплината кати. Таа испиша историја во македонското карате и стана првата Македонка која учествувала на едни Олимписки игри во карате.
„Мојот сон стана реалност. Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди. Презадоволна од се што дадов на татамите. Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9тата позиција. Горда сум на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години! Фала ти Боже за се. Луѓе мои, да ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка,на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко. Фала ви од срце“, напиша Јовановска на „Фејсбук“.
Јованоска имаше резултати од 23.80 и 24 поени, кои и го донесоа деветтото место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во кати во Токио. Овој спорт во Токио го има премиерното издание, но е тргнат од програмата на наредните Игри во Париз.

Македонската делегација на Игрите во Токио, утре ќе ги заврши своите настапи со борачот Магомедгаџи Нуров, а според најавите, тој е вториот адут на Македонија за остварување на забележителен резултат во Токио, по успехот на Дејан Георгиевски кој освои сребро во таеквондо.






