Музички настан на 10 Март во Скопје - Концерт на легендарниот Тихомир Поп Асановиќ и пријателите

Музички настан на 10 Март во Скопје – Концерт на легендарниот Тихомир Поп Асановиќ и пријателите

пред 5 часа

На 10 Март во концертната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20.00 часот ќе се оддржи концерт по повод 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ.

„Легендата се враќа таму каде што сè започна…Градот што ја роди неговата кариера – Скопје! Тихомир Поп Асановиќ – во живо!

Хамонд мајсторот, рок визионерот, основач на култните TIME и SEPTEMBAR, човекот што ја одбележа балканската рок сцена!
На иста сцена со него: Влатко Стефановски, Рамбо Амадеус, Амир Гвиртцман, Јани Модер, Јован Маљоковиќ, Драги Јелиќ, Карин Земљиќ, Јан Стефановски и специјални изненадувања“, најавува организаторот.

Share
Scroll to Top