Мурал на Јоспип Броз Тито пред неколку дена се појави на зграда во Ровињ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, муралот го дизајнирал и насликал уличниот уметник Борис Баре.
На муралот претставен е Тито како одмора со прекрстени нозе и кренати раце на лежалка под палми во црвени гаќи за капење и очила за сонце.
Барето на неговиот Инстаграм профил, муралот го нарекол „El prezidente“, а локацијата на која Тито ужива е Националниот парк Бријуни, место кое Тито сакал да го посети.
„Ова е дело што го сликав токму во Ровињ за трговски центар, Retail. Темата е лето и уживање. Нè поканија и работевме таму последните дванаесет дена, насликавме педесетина дела на приближно 1500 квадратни метри. Не се работи за никаква политичка порака, Бријуни се релативно блиску, па тоа беше асоцијација“, вели уметникот Баре за хрватски „Јутарњи“.
Борис Баре е познат уличен уметник во Хрватска, кој во ноември минатата година заедно со неговата колешка Марија Кунштек за 11 дена обоија површина на возот од 400 квадратни метри.