Над милион мажи ја избраа Софија Вергара за најсекси жена во светот

Над милион мажи ја избраа Софија Вергара за најсекси жена во светот

пред 2 години

Читателите на машкото списание „Аскмен“ ја избраа колумбиската глумица Софија Вергара за најсекси жена на светот. Во анкетата учествуваа над еден милион читатели, а ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ убедливо го освои првото место.

На второ место е моделот Кејт Аптон, а третото место го освои актерката Руни Мара. Четврта е манекенката Миранда Кер, а на изненадување на публиката, петта е ексцентричната рап-пејачка Ники Минаж.

Не е првпат Вергара да биде избрана за најсекси жена. Таа и нејзиниот маж, глумецот Џои Манганиело многупати беа прогласени за најатрактивна двојка во Холивуд.

Share
Scroll to Top