Напиток од лук и лимон за подобар имунитет и помал холестерол

Напиток од лук и лимон за подобар имунитет и помал холестерол

пред 2 години

Напитокот од лук и лимон се користи одамна, а има низа корисни ефекти врз здравјето и имунитетот на луѓето. Тој го подобрува имунитетот, помага за чистење на наслагите на крвните садови, го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и ангина пекторис. Може да помогне во намалување на нивото на холестерол и триглицериди.

dobivaj vesti na viber

Потребни состојки:

300 грама лук
1 килограм лимон со кора

Начин на подготовка:

Лимонот исечкајте го на парчиња и изблендирајте, како и лукот. Зовријте 1,5 литар вода, а потоа додајте сечкан лук и лимон. На ниска температура и покриена варете околу 15 минути. Тргнете го напитокот од оган и оставете да се излади.

Користење на напитокот:

Овој стар лек се консумира со пиење 0,5 дл (чаша ракија) секое утро на празен стомак во текот на 25 дена. Потоа се препорачува да се направи пауза од 10 дена, а потоа постапката да се повтори уште 25 дена.

 

Share
Scroll to Top