Наскоро ново продолжение на „Сам дома“

Наскоро ново продолжение на „Сам дома“

пред 3 години

Популарната комедија „Сам Дома“ ќе добие ново продолжение. Премиерата на филмот со наслов Home Sweet Home Alone, се очекува да се случи во ноември.

Во главната улога ќе биде дванаесетгодишниот Арчи Јејтс, кој ќе го толкува ликот на Мак Мерсер, детето кое ќе биде заборавено од неговото семејство, додека тие ќе бидат на одмор во Јапонија.

Малото Мерсер исто како и Кевин Мекалистер, кој во првите два дела го глумеше Меколи Калкин, ќе ја заштитува семејната куќа од крадци.

Во филмот ќе глумат и Ели Кемпер (44), Кенан Томпсон (43) и Роб Дилејни (44). Режисерот Ден Мејзер го сними филмот по сценариото на Мајк Деј и Стритер Сајдел.

Премиерата ќе биде емитувана на 12 ноември на платформата “Дизни плус”. Како што се зборува, во овој филм ќе се појави и Меколи Калкин.

Share
Scroll to Top