Најбогатите Руси изгубија милијарди долари поради војната во Украина

Најбогатите Руси изгубија милијарди долари поради војната во Украина

пред 3 години

Веќе осми ден како се води војна во Украина, а светските медиуми на големо шпекулираат за тоа колку кризата влијае на најбогатите на Руси. Некои од нив пренесоа дека од почетокот на оваа година тие изгубиле 32 милијарди долари.

На оваа листа се најде и српскиот зет, бизнисменот Андреј Мељниченко, сопруг на поранешната манекенка Сандра Мељниченко. Според податоците од 2021 година неговото богатство се проценува на 17,9 милијарди долари.

Светските медиуми пренесоа дека тој има акции во компанија која се занимава со производство на ѓубрива, компанија за производство на јаглен и во Сибирската енергетика.

Тие поседуваат и пентхаус вреден 12,2 милиони долари во Централ парк во Њујорк. Имаат и вила во Антиб, Франција и имот во Сари, во Велика Британија, кој е проценет на 24 милиони фунти. Сандра и Андреј се во брак од 2005 година и имаат две деца, ќерката Тара и синот Адријан.

 

Дури 22 Руси се наоѓаат на листата на милијардери на Блумберг. Овој магазин ги рангира 500 најбогати луѓе на светот. Според истата најголема загуба претрпел Вагит Алекперов, 71 годишниот претседател на „Лукоил“.

Тој е роден во Баку, главниот град на Азербејџан. Го следел татко му во нафтената индустрија во деведесетите години и станал најмладиот заменик министер за енергетика во советската историја. Алекперов, кој е и косопственик на московскиот фудбалски тим Спартак, сега вреди 7,19 милијарди долари според „Блумберг“.

Во вторникот вечерта неговата суперјахта од 70 метри, „Галактика супер нова“, која има базен од шест метри со стаклено дно и водопад, исплови од Барселона и се упати кон Црна Гора.

Уште еден припадник на руската елита, тајкунот Алишер Усманов во понеделникот беше сакнциониран од страна на Европската унија. Тој исто така ја премести својата јахта од 150 метри, а бродот тргна од Малдивите, пренесе CNBC.

Владимир Потанијин, претседателот на „Норилск никл“, најголемиот светски производител на никл со висок квалитет, оваа година изгуби шест милијарди долари. Потанијин се смета за близок човек на Путин и тој се соочува со најскапиот развод во светот.

Неговата поранешна сопруга Потанија, бара од него 50% од вредноста на неговиот удел во компанијата, која во декември беше вредна 7 милијарди долари.

„Блумберг“ во моментов го процени неговото богатство на 24,3 милиајрди долари, што е за помалку од 21% на годишно ниво.

Тајкунот Генадиј Тимченко, е еден од првите кои беше санкциониран од Велика Британија. Тој оваа година изгуби речиси половина од неговото богатство, кое падна на 10,6 милијарди долари.

Овој инженер по електротехника повеќе од неговото време го минува во Швајцарија и има средства во секторот во енергетиката, транспортот, инфраструктурата и финансиските услуги. Бил на чело на руската хокеарска лига и редовно учествувал во ноќната хокеарска лига на Путин, која „Радио слободна Европа“ ја опиша како игра меѓу членовите на елитата во кои Путин има тенденција да постигне најмногу голови.

Од 2014 година Американското министерство за финансии му го замрзна имотот во рамки на пакетот санкции кој е воведен откако Русија ја завзема украинската територија Крим.

Меѓу најистакнатите Руси кои претрпе огромни загуби е и Роман Абрамовиќ, сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Тој има нето вредност од околу 13 милијарди долари, а богатството го изградил од дивиденди и продажба на приватизиран имот стекнат од поранешниот Советски Сојуз. Оваа година досега изгуби 4 милијарди долари, а во саботата рече дека ќе се повлече од Челзи.

Британскиот пратеник Крис Брајант во вторникот рече дека Абрамовиќ бил исплашен од санкциите на британската влада поради руската инвазија на Украина и дека го продава својот имот во Лондон. Од друга страна неговиот портпарол рече дека тој се обидува да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина и дека се залага за мир.

„Можам да потврдам дека украинската страна контактираше со Роман Абрамовиќ за поддршка во постигнувањето на мирно решение и дека тој се обидува да помогне“, рече портпаролот на Абрамовиќ.

Share
Scroll to Top