Најголемата тужба против „Гугл“, компанијата го кршела законот против монопол

Најголемата тужба против „Гугл“, компанијата го кршела законот против монопол

пред 2 години

Американскиот Секретаријат за Правосудство, упати тужба во вторникот против компанијата „Гугл“, поради кршење на законот против монопол. Од Секретаријатот велат дека технолошкиот гигант ја злоупотребил доминацијата во пребарувањето на интернет и рекламирањето.

На тој начин „Гугл“ ја угушил конкуренцијата и им нанел штета на потрошувачите. Тужбата, како што оценува „Асошиетед Прес“, претставува најзначаен потег на владата за заштита на конкуренција, уште од тужбата против „Мајкрософт“, пред повеќе од 20 години.

Исто така би можела да го отвори патот за втората најголема владина интервенција, имајќи ја во прдвид актуелната истрага, која Секретаријатот за правоудство и Федералната трговска комисија FTC, ја води против големите технолошки компании како што се „Епл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, пренесува „Глас на Америка“.

„Гугл“, е премин за интернет и гигант за пребарување и рекламирање. Но, како што се објаснува во тужбата, компанијата одржувала монопол низ политиката на исклучување на други, нешто што е штетно по конкуренцијата“, изјавил пред новинарите, заменик секретарот за правосудство, Џеф Розен.

„Тужбата од Секретаријатот за Правосудство има големи недостатоци. Луѓето го користат „Гугл“, затоа што тоа е нивен избор, а не затоа што се приморани или не можат да најдат алтернативи“, одговирле од „Гугл“, на „Твитер“, за тужбата.

 Во тужбата поднесена во федералниот суд во престолнината во Вашингтон, наведуваат дека „Гугл“, плаќа милијарди долари, заработени од реклами за производство на телефони. Компаниите се осигуруваат „Гугл“ да им биде главен пребарувач.

Поради тоа владите на 11 сојузни се придружија во тужбите поднесени кон компанијата „Гугл“.

Share

ani watch. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

dubbed anime Naruto (Dub)

aniwatcher app AniWatch One Piece (Dub)

Attack on Titan Season 3

AniWatch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

AniWatch Redo of Healer Episode 9

tải go88
Scroll to Top