Најдобри сопруги според хороскопот

Најдобри сопруги според хороскопот – Reporter.mk

пред 2 години

Според хороскопот, три знаци се одвојуваат како најгрижливи сопруги.

Рак

Кога еднаш ќе ја освоите жената Рак, таа ќе ве сака безусловно до крајот на светот. Нејзините чувства се секогаш интензивни и затоа со неа ќе научите што значи кога покрај себе имате вистинска жена. Таа е подготвена да направи сè за нејзиниот партнер да биде најсреќниот човек на светот. Покрај неа секогаш ќе живеете опкружени со вкусно јадење, удобност и внимателно уреден дом. Со ваква сопруга сите мажи едвај ќе чекаат да се вратат дома по напорниот ден.
Децата за жените Ракови се нешто посебно и нивните потреби се секогаш пред сопствените. Од вас само се очекува да внимавате на неа и да бидете искрени.

Лав

Лавицата е силна и упорна, жена со огромни способности. Сепак, и нејзе ѝ е потребен партнер што ќе биде тука за најбаналните проблеми, како, на пример, кога ќе ѝ се заглави капачето од теглата. Таа бара маж еднаков на неа, па покрај неа никој нема да биде обичен човек, туку Супермен. Само ако се заљубите во Лавица, ќе разберете дека не мора да направи нешто за да ја сакате. Нема да сретнете жена што повеќе ќе ве сака. Дури и кога се лути, се лути најубаво што може. Но, кога бара нешто, тоа е заповед. За своите деца ќе се бори како што прилега, баш како Лавица, и секогаш ќе биде подготвена за одбрана. Тешко на оној што ќе се обиде да им нанесе зло. Од вас само бара да ја обожавате со цело срце и тело.

Јарец

Пред оваа жена секој би паднал на коленици. Силна е, може да поднесе сè и да направи натчовечки напори за она што го барате. Оваа дама се однесува толку ненаметливо и достоинствено што на моменти нејзиниот партнер ќе се запраша дали е доволно добар. Љубовта со сопругата Јарец секогаш ќе гори интензивно кога сите други ќе ве напуштат. Со неа секој ден ќе станувате подобри. Ако сте успеале да привлечете ваква жена, верувајте дека вредите многу повеќе отколку што мислите.
Како мајка знае да биде строга, но праведна. Таа израснува само победници. Сè што бара од вас е да покажете цврст карактер и истрајност.

Share
Scroll to Top