Егејското Море е дом на мал остров кој на сите им покажа дека не само што е енергетски независен, туку е и првиот во светот кој не произведува ниту грам отпад.
Тилос се наоѓа во архипелагот Додеканез, во југоисточниот дел на Егејското Море. Идилично и привлечно, на почетокот изгледа како и сите други прекрасни грчки острови. Нерагазената природа, тиркизното море и романтичните пристаништа се само дел од приказната што ја раскажува островот.
Најголем интерес лежи во тоа што Тилос во моментов е првиот и единствен остров во светот кој не произведува отпад. Луѓето на Тилос отсекогаш биле прогресивни и хуманистички настроени, приоритет секогаш имало јавното здравје, човековите права и екологијата.
Островот е дом на нешто помалку од 800 жители, сите живеат во национален парк со неверојатен биодиверзитет. Токму тука пред неколку години беше отворена првата грчка хибридна електрана на ветер и соларна енергија, што им овозможи да бидат целосно енергетски независни.
Ова му даде можност на населението да користи електрични возила, па логичен следен чекор беше да се намали отпадот. Тилос моментално рециклира повеќе од 80% од својот отпад, што е највисока стапка на рециклирање во светот.
Политиката за нула отпад привлече еколошки свесни посетители и создаде нови економски можности поврзани со примената на обновливите извори на енергија. Исто така, започна еко-туризмот и одржливото земјоделство, што значително ја поттикна локалната економија.
Тилос е светол пример за тоа како се може да се направи ако сакате, самосвеста и дисциплината, како и грижата за здравјето и животната средина, го направија островот оаза каде живеат среќни и задоволни жители. Пред се тие се здрави, пишува ТУ Магазин.