Најлошите божикни филмови на сите времиња

Најлошите божикни филмови на сите времиња

пред 2 години

Филмските критичари често прават листа на најдобрите празнични филмови, но овој пат ги избраа најлошите божикни филмови на сите времиња.

„Избегнете ги Халови“ со Метју Бродери и Дени де Вито

Никој не сака да гледа празничен филм без шарм, за старец кој постојано нешто мрчи, стои во ревизијата на филмот.

„Оревокршачката и четирите кралства“ со Кира Најтли и Ричард Е. Грант

Во филмот делува како Кира Најтли да е единствената на која ѝ е забавно, оти приказната и костумите се лоши. Ова е еден од филмовите со најголем неуспех во кинсата во САД во 2018 година.

„Четири Божики“ со Рис Витерспун и Винс Вон

Филмот за заљубен пар кој во една вечер мора да стигне на четири прослави за Божик кај нивните разведени родители е пропаст од самиот почеток, велат критичарите.

„Минатиот Божик“ со Емилија Кларк и Хенри Голдинг

Иако во филмот доминираат песните од Џорџ Мајкл, романтичната комедија со Кларк и Голдинг не ги исполни очекувањата ни на публиката ни на критичарите. Велат, одамна не гледале филм со толку лоша љубовна приказна.

„Божик со семејството Кранк“ со Тим Ален и Џејми ли Кертис

Иако Тим Ален е забавен, во филмот од 2004 година нема никаква празнична магија. Аленн и Кертис глумат среќно семејство пред нивната ќерка која се враќа дома за празниците од студии, а всушност се среде развод.

„Лошиот Дедо Мраз 2“

И првиот дел беше лош, ама продолжението на овој филм е тотално непотребно. Залудно потрошени пари и време, ако веќе решите да го гледате, пишуваат критичарите.

„Ги сакаме Куперови“ со Дајан Китон и Џон Гудман

Ништо не го спојува семејството за празници како развод. Ама, темата е видена барем 100 пати претходно, а сценариото е лошо. Полошо е што приказната ја раскажува нивното куче.

„Божикен принц: кралска венчавка“ со Роуз Меклевер и Бен Лемб

„Нетфликс“ сними три продолженија од филмот кој не сакаат да го гледаат дури ни најголемите романтичари. Празничен филм кој треба да го избегнете, стои во рецензијата од филмските критичари.

Share
Scroll to Top