Најпребарувани рецепти за 2022 година

Најпребарувани рецепти за 2022 година

пред 2 години

Гугл традиционално објавува годишна статистика која го прикажува трендот на најгугланите термини во светот во неколку категории.

На прво место меѓу светските трендови кои се најгуглани оваа година е „панер пасанда“. Јадењето кое е популарно во Индија и околните земји се состои од сендвичи со сирење во кремаст сос од кромид и домати. По индиските сендвичи следуваат португалските домашни колачи, а по нив најгуглани се солените турски колачиња „тузлу курабије“, обично посипани со семки и зачини.

Топ 10 најгуглани рецепти се, панеер пасанда (сендвичи во сос), боло казеиро (домашна торта), тузлу курабие (солени колачи), овернајт овесни снегулки (појадок со овесна каша што се остава да отстои преку ноќ), зимшнекен (ролни цимет), ирмик хелваси (алва од гриз), палачинки, баба бануш (намаз од модар патлиџан сличен на хумус), булгур пилав, салата со тестенини.

Share
Scroll to Top