Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска е македонски кандидат за наградата „Оскар “ за најдобар долгометражен интернационален филм“.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.
95-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 12-ти март 2023 година, во Dolby Theatre, Лос Анџелес.