На Аца Лукас му се слоши среде концерт во Охрид, на пејачот му била дадена медицинска помош

На Аца Лукас му се слоши среде концерт во Охрид, на пејачот му била дадена медицинска помош

пред 1 година





Фолк пејачот Аца Лукас синоќа го прекина концертот во ноќен клуб во Охрид затоа што му се слошило. Одма му била дадена медицинска помош, а како што пренесоа некои од медиумите примил и инфузија.

Дел од публиката почекала да се врати, но на крајот си заминале дома разочарани. Засега нема информации дали повторно ќе одржи концерт во истиот клуб кога состојбата ќе му се стабилизира, ниту пак дали оние кои веќе купиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт.

За потсетување, Лукас изминатиот период во Србија откажа неколку концерти поради влошената здравствена состојба.

 

 





Share
Scroll to Top