На саем во Кувајт е претставен новиот авион на три ката со кој може да летаат 755 патници

На саем во Кувајт е претставен новиот авион на три ката со кој може да летаат 755 патници

пред 2 години

На саем во Кувајт беше претставен новиот авион AWWA Sky Whale, дизајн на Оскар Виналс. Станува збор за авион кој треба да ја претставува иднината на воздушниот транспорт. Овој авион е на три ката и со него може да патуваат максимум 755 патници.

Со технолошките решенија направен е да биде поеколошки, поефикасен и да нуди максимални перформанси. За негово производство користена е најсовремена технологија, од типот на легури, компзити од керамика или влакна.

Користени се и јаглеродни наноцевки, оптички кабли, самозаздравувачка кожа, хибридни електрични мотори, активни крила, двојни трупови, прозорици со VR технологија и прилагодлива непроѕирност и способност за собирање на електрична енергија преку соларни ќелии на таванот.

Крилата се подолги во однос на оние кои ги имаат конвенционалните авиони. Ексцентричната турбина во крилото блиску до трупот може да го насочи ламинарниот проток на воздух и турбуленциите додека генерира електрична енергија за електричните хибридни мотори.

Иновативниот хибриден турбо-електричен погонски систем е возможен со очекуваниот развој на технологијата за батерии. Ако јадрото на моторот беше исклучено, моторите на авионот може да користат енергија за да го активираат турбовенот покрај бензин за напојување на јадрото.

Моторите може да се поместуваат до 45 степени вертикално и дополнително да помогнат при полетување и слетување. Со тоа би се намалила должината на пистата потребна за полетување.

 

Share
Scroll to Top