На Снапчет училиштето „Владислав Рибникар“ означено е како туристичка атракција

На Снапчет училиштето „Владислав Рибникар“ означено е како туристичка атракција

пред 2 години

На апликацијата „Снепчет“, основното училиште „Владислав Рибникар“, каде неодамна се случи масакр, во кој беа убиени осум ученици и еден чувар, е означено како туристичка атракција на Белград.

Имено, на мапата не само што е истакнато училиштето како локација што треба да се посети, туку на името на училиштето е означено и К.К., името на тринаесетгодишниот сторител на крвавиот масакар,ко го потресе регионот.

„Снапчет“ е бесплатна апликација, особено популарна кај помладата генерација, која од втората половина на 2022 година има 347 милиони следбеници. Главната идеја на апликацијата е да испраќа видеа, фотографии и пораки до корисниците, кои се бришат по неколку минути.

Преку оваа апликација е можно да ја следите локацијата на вашите пријатели, се разбира доколку ви дозволат.

Share
Scroll to Top