Поп пејачката Мадона на Инстаграм објави видео во кое порача дека Путин мора да престане со агресијата врз Украина. Таа објави и видеа и фотографии од војната.
„Путин ги прекрши сите договори за човекови права кои постојат. Тој нема право да ја брише Украина. Претседателе Зеленски те поддржуваме. Ќе се молам за тебе и твојата земја. Немојте да се чувствувате беспомошно кога сте соочени со политички акции од оваа големина. Постојат работи кои можеме да ги направиме“, рече Мадона.
Таа објави и видеа од бомбардирањето на една од зградите во Украина и силно го критикуваше Путин за неговата бесмислена војна која ја почна.
„Ве боли ли ова видео колку и мене? Путин продолжува со своите ужасни и непотребни напади врз Украина. Недолжни луѓе се борат за живот и учат да пукаат со оружје за да се заштитат. Ве молам, да направиме сè што можеме за да им помогнеме“, рече Мадона.
Голем број фанови од Украина ја поддржаа и ѝ се заблагодарија за поддршката. Со ова Мадона се приклучи на голем број слави лица кои јавно ја осудија оваа војна и покренаа акција за помош за Украинците.