Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“.
Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, а миксот е на Гоце Кантар. Аранжманот е на „Луциден сон“.
„Немирно време треба да најави освежување и нов звук на македонската алтернативна музичка сцена, кој сигурно веќе подолго време недостасува. Оваа песна се обидува да го отслика времето во кое живееме, но истовремено е и мотив кој побудува надеж и желба за поинакво утре“, вели Костадин Стојаноски