Откако градоначалникот на Струга Рамиз Мерко забрани шетање по гаќи и бикини низ центарот на градот твитерџиите не чекаа многу и почнаа да се мајтапат со него.
Струга е познато како место со многу нелегализирани објекти па твитерџиите се шегуваат дека не сакал да му шетаат по купачи меѓу дивоградбите.
Други пак на шега велат дека ова е за да ѝ врати на американската амбасадорка Ангела Мегер, затоа што го ставија на црната листа.







