Не сум силувал ниедна жена, невин сум: Вајнстин пак на суд за сексуално злоставување

Не сум силувал ниедна жена, невин сум: Вајнстин пак на суд за сексуално злоставување

пред 2 дена

Во Лос Анџелес денес почна судењето на поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за силување и сексуален напад врз пет жени. Ова е ново судење на Вајнстин, кому претходно му се судеше во Њујорк, па откако таму беше прогласен за виновен, служи затворска казна од 23 години.

„Не ги силував жените што ме обвинуваат за злоставување, не сум злоставувал ниедна жена. Невин сум“, рекол некогашниот продуцент на почетокот на судењето, пишуваат американските медиуми.

Вајнстин (69) во Лос Анџелес е обвинет за пет случаи на сексуален напад со употреба на сила, во периодот од 2004 до 2013 година. Ако биде осуден, може да добие казна од доживотен затвор, пишуваат американските медиуми.

Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, е обвинет за силување на две жени во хотели во Беверли Хилс во две одделни прилики, како и за сексуални напади на уште три жени во областа на Беверли Хилс и Лос Анџелес.

Повеќе од 80 жени поднесоа обвиненија против Вајнстин за сексуални напади што се случиле последниве десет години, но само неколку случаи завршија на суд, а останатите беа отфрлени или завршени со спогодба.

 

Share

AnimeBee: KILL la KILL anime episode 24 online free at https://animebee.to watch anime free

AnimeKisa: Ajin: Demi-Human anime episode 13 online free at https://animekisa.in anime online

Website https://gogoanime.be: Watch Trinity Seven: Eternity Library & Alchemic Girl gogoanime Episode Full my hero academia season 4 gogoanime

Linkhay: https://linkhay.com/blog/162206/kissanime-watch-anime-online

Descubre beqbe: https://descubre.beqbe.com/p/kissanimemx

Bloggang: https://www.bloggang.com/mainblog.php?id=animeflixnl&month=23-06-2021&group=1&gblog=2

Scroll to Top