Нивото на морето ќе се покачи за 30 сантиметри и никој нема да може да го спречи, предупредуваат експертите

Нивото на морето ќе се покачи за 30 сантиметри и никој нема да може да го спречи, предупредуваат експертите

пред 2 години

Поради топењето на ледот на Гренланд во блиска иднина може да дојде до пораст на глобалното ниво на морето за речиси 30 сантиметри.

Наодите објавени во списанието Journal Nature Climate Change, покажуваат дека 3,3% од ледениот покривач на Гренлад би се стопил, односно 110 трилиони метрички тони лед би завршиле во океанот, пренесе CNBC.

Научниците предупредија дека топењето е неизбежно и ако целиот свет во овој момент престане да емитува гасови кои предизвикуваат ефект врз стаклената градина и ја загреваат планетата.

Според истражувањето, вкупната загуба на мраз од ледената покривка на Гренланд ќе предизвика зголемување на нивото на морето за најмалку 25 сантиметри, без оглед на можните сценарија за глобално затоплување.

Експертите од Геолошкиот завод на Данска и Гренланд ги следат промените на волуменот на ледениот покривач во и околу Гренланд.

„Порастот на нивото на морето, поради овој процес ќе порасне без разлика на тоа што ќе се случи овој век со климатските промени“, рече геологот Џејсон Бокс од „Геолошкиот завод“ на Данска и Гренланд.

Научниците немаат одреден точен термин на порастот на глобалното ниво на морето, но тоа може да се случи во некој момент до крајот на векот, сметаат тие.

Овие налози доаѓаат по извештајот за порастот на нивото на морето за 2022 година, кои претходно оваа година ги објави Американската Национална Агенција за Истражување на Океаните и Атмосферата (NОАА).

Во извештајот е наведено дека на бреговите на САД, во наредните 30 години, може да се очекува пораст на нивото на морето од 25 до 30 сантиметри, што може да предизвика 10 пати поголема поплава поради плимата и да овозможи брановите предизвикани од бурата дополнително да се прошират во внатрешноста.

Гренланд има толку лед, што ако се стопи, може да го подигне глобалното ниво на морето за околу 7 метри. Тоа е втор најголем леден покривач на светот, по оној на Антарктикот и покрива 80% од островот.

Научници од Белгија, Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Швајцарија и САД спроведоа студија користејќи сателитски мерења на загубата на мраз од Гренланд и обликот на ледената капа помеѓу 2000 и 2019 година.

Share
Scroll to Top